Претседателот на кошаркарскиот клуб Валенсија, Пако Рага, рекол дека неговиот клуб не би ја прифатил „А“ лиценцата од Евролигата, бидејќи за пласман во елитата треба да се избори на теренот, а не по административен пат.
Валенсија минатата сезона беше поразена во финалето, во Еврокупот, а за пласман во Евролигата се избори откако ја освои шампионската титула во домашното првенство.
„Сакаме да играме во Евролигата, но само доколку тоа го заслужиме со резултатите. Не сакаме „А“ лиценца. Но морам да кажам дека Евролигата никогаш не ни понудила таква лиценца. Меѓутоа доколку се случи тоа ние нема да ја прифатиме“, рекол Рага.
Валенсија оваа сезона ја заврши на 11.место во Евролигата, со скор од 12 победи и 18 порази.