Top Sport

Весели на подолга пауза, го повредил коленото

Чешкиот кошаркар Јан Весели се здобил со потешка повреда на коленото поради што подолго време ќе биде надвор од кошаркарските терени, објави неговиот клуб Фенербахче.

Турскиот клуб во петокот преку соопштение објави дека Весели се здобил со фрактура на тибијалната коска во десното колено.

Во наредниот период Весели ќе работи според посебна програма во процесот на рехабилитација.

Клубот не објави кога очекува Весели да се врати на теренот.

Во Евролигата оваа сезона Весели во просек постигнува 7,6 поени.

Scroll to Top