Лео Вестерман кариерата ќе ја продолжи во Барселона. Повремениот француски репрезентативец повторно ќе има можност да работи со тренерот Шарунас Јасикевичиус. Литванецот го тренираше Вестерман во Жалгирис, во сезоните 2016/17 и 2018/19.
Вестерман, оваа сезона ја започна во Фенербахче. Не успеа да се наметне кај тренерот Игор Кокошков. Во Евролигата бележи 4,8 поени и 2,3 скока, за речиси 13 минути на теренот.
На местото на Вестерман, во Фенербахче, треба да дојде Тома Ертел од Барселона. Ертел не е миленик на Јасикевичиус бидејќи не игра одбрана каква што бара темпераментниот литваски тренер.
Интересно, Вестерман беше во Барселона и во 2014 година, межѓутоа не доби шанса, туку веднаш беше испратен во Ломож.