Никола Јокиќ и Денвер Нагетс победа ги дели од шампионскиот прстен во НБА лигата. Нагетс во серијата со Мајами Хит водат со 3:1. Четвртиот меч, Нагетс го добија со 108:95.
По победата во Мајами Јокиќ на новинарите во САД им откри дека Новак Ѓоковиќ му испратил порака.
„Тој е брилијантен, секогаш пишува историја. Ќе ја заврши кариерата како еден од најдобрите досега, ако не и најдобар, и има одлична можност да освои Грен слем. Да го имаш како сонародник е голема чест. Луѓе во Србија се многу среќни за неговиот успех и поради тоа што доаѓа од Србија“, изјави Јокиќ.