Top Sport

(Видео) Јокиќ во клинч со газдата на Феникс Санс

Никола Јокиќ, кошаркарот на Денвер Нагетс, се најде во клинч со сопственикот на Феникс Санс, Мет Ишбија.

Инцидентот се случи во финишот на првото полувреме, кога Јокиќ го залепи за столчето новиот сопственик на Феникс Санс.

Јокиќ го блокираше Ајтон, топката се одби право во рацете на Ишбија, а додека Џош Окоџи „леташе“ по топката, Санс беа со играч помалку на теренот.

Српскиот кошаркар сакаше да го искористи тоа и брзо да ја врати топката во игра, но бидејќи беше во рацете на Ишбија, не можеше да го стори истото.

Сопственикот на Феникс пружи отпор, по што Јокиќ со подлактицата го „залепи“ за столот.

Страстите брзо се смирија, а судиите откако го погледнаа видеото, му доделија техничка грешка на центарот на Денвер Нагетс.

„Навивачот прв ја стави раката врз мене. Мислев дека лигата требаше да не заштити во тој случај, но можеби грешам. Ќе видиме“, изјави Јокиќ.

На прашањето дали знае дека тоа бил газдата на франшизата, Јокиќ одговори потврдно. .

„Но, тој е фан, нели? Седењето покрај теренот значи дека е навивач. Тој не може да влијае на играта, треба да биде исклучен ако влијае на играта“.

Ишбија на полувремето изјави дека повеќе го загрижува играта на неговиот тим, отколку она што се случи, тој седеше на своето место и во второто полувреме.

На крајот Феникс славеа со 129:124 и покрај тоа што Јокиќ постигна 53 поени. Резултатот во оваа серија е 2:2.

Scroll to Top