Top Sport

(Видео) Кога Јокиќ води тајм-аут сите слушаат

Кошаркарите на Денвер победија во Оклахома со 121:119 и поведоа во полуфиналната серија против Тандер со 1:0.

Натпреварот во Оклахома го реши Арон Гордон со тројка на помалку од три секунди до крајот. До победата, Денвер го предводеше Никола Јокиќ со 42 поени, 22 скока и шест асистенции.

Јокиќ, добитник на МВП наградата три пати во последните четири сезони, го доби првиот дуел со Шеј Гилџес-Александер, кој според сите прогнози оваа сезона ќе ја добие оваа престижна награда. Шеј натпреварот го заврши со 33 поени, 10 скока и осум асистенции.

Јокиќ покрај тоа што го водеше својот тим на теренот, го праваше тоа и на тајм-аутите. Се однесуваше како тренер им објаснуваше на соиграчите што треба да подобрат во играта. Тие внимателно слушаа, како и помошниците тренери.

Главниот тренер на Нагетс, Дејвид Аделман, кој пристигна на таа позиција неколку недели пред плејофот, го нема во кадарот.

Scroll to Top