Top Sport

(Видео) Лесор во солзи, играчите на Паризан со песна пречекани во Белград

Кошаркарите на Партизан, во раните утриснки часови, разочарани по елиминацијата од Реал, во раните утрински часови се вратија во Белград.

Партизан не успеа да избори место на завршниот турнир во Каунас и покрај тоа што забележа две победи на првите два натпревари во Мадрид. Реал возврати со две победи во Белград, а синоќа ја доби мајсторката со спектакуларен пресврт, откако во третата четвртина имше минус од 18 поени.

И покрај елиминацијата, неколку стици навивачи на црно-белите се собраа на терминалот на аеродромот „Никола Тесла“ и ги пречекаа со песна. Центарот Матијас Лесор не можеше да ги сокрие солзите.

Навивачите скандираа и „Сакаме победа во дербито“, веројатно алудирајќи на тоа дека посакуваат финале во АБА лигата против Црвена звезда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KK Partizan Mozzart Bet (@partizanbc)

Scroll to Top