Кошаркарите на Фенербахче го победија Жалгирис со 80:78 (22:26, 15:22, 19:14, 24:16) во натпреварот од 15. коло на Евролигата.
Фенербахче до победата го предводеа Тајлер Дорси со 19, Скоти Вилбекин со 17 и Џонатан Мотли со 16 поени.
Најдобри кај Жалгирис беа Кинан Еванс со 19 поени, пет скока и пет асистенции и Роландс Шмитс со 16 поени и девет скока.
Мечот го реши Дорси со нестварен кош на 58 секунди до крајот. Американецот со грчки пасош погоди под фаул од зад табла. Веројатно е ова кошот на сеозната во Евролигата.
.@TDORSEY_1 with one of the craziest shots you're going to see 👀 🤯 pic.twitter.com/TKPcBGqI77
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) December 20, 2023
Исклучително драматично беше и во Монако каде Панатинаикос со звукот на сирената дојде до обеда 90:91. „Зелените“ успеаја да се врата по негативата од 15 поени во третиот период.
Прашање е дали воопшто ќе победеа доколку Ели Окобо не направи неверојатна глупост. На 2,5 секунди до крајот тој погоди за Монако под фаул. Логично одеше да го промаши дополнителното слободно фрлање, но не го погоди обрачот.
Топката им припадна на гостите, а по тајм-аутот, григонис со звукот на сирената погоди трјка за победа.
Running out of words to describe this game… 🤯
Grigonis calls GAME 🚨 🚨 🚨 #MagicMoment I @paobcgr pic.twitter.com/kWJjh83S0E
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) December 20, 2023