Foto/ Starsport
Кошаркарите на Партизан во драматичен меч успеаја да го победат Фенербахче со 85-84. Во седмото коло, Партизан ја запиша третата победа, додека Фенер е на скор 5/2.
Тренерот на Партизан Жељко Обрадовиќ 500. пат водеше екипа во Евролигата.
Нанели со 13 и Камински со 12 поени го предводеа Партизан. На спротивната страна Хејс-Дејвис уфрли 23, а Дорси 21 поен.
Жесток пречек имаше Јам Мадар. Израелецот од Партизан се пресели во Фенербахче. Навивачите тоа не му го простија. Го навредуваа кога се појави на загревањето, а во еден момент фрлаа и лажни банкноти од 500 евра, за да му покажат дека се „продал за пари“.
Insults for Yam Madar at the Stark arena. pic.twitter.com/OURRPE1Hkq
— Basketball Sphere (EN) (@BSphere_) November 9, 2023
Натпреварот го обележа и скандалот што го направија навивачите на Партизан во првото полувреме.
Навивачите на Партизан на Јужната трибина се степаа меѓу себе. Во тој момент останатите гледачи во „Штарк арена“ не гледаа што се случува на теренот, туку беа фукусирани на тој дел од трибината.
На крајот мораше да интервенира и полицијата за да ја смири ситуацијата.
— Pluton (@Pluton45873221) November 9, 2023