Top Sport

(Видео) Родман на образот го истетовирал портретот на девојката

Денис Родман, легендарниот НБА кошаркар и шампион во најсилната кошаркарска лига со Детроит Пистонс (1989, 1990) и Чикаго Булс (1996, 1997, 1998), ги шокираше своите фанови со изборот на нова тетоважа и местото каде што ја направи.

Родман реши да му покаже на светот какви чувства има кон новата девојка. Нејзиниот портрет го тетовираше на десниот образ.

На социјалните мрежи неодамна се појави видео од пензионираниот кошаркар, познат подеднакво по скоковите и одбраната, како и по необичното однесување во текот на кариерата.

Ја објави тату-мајсторот одговорен за новиот изглед на 62. годишниот Родман, а како изгледала тетоважата објави и девојката на Родман. Нејзиното име е Јела Јела, таа е модел, а се занимава и со музика.

Scroll to Top