Кошаркарскиот клуб Виртус од Болоња сака во своите редови да го донесе еден од најдобрите европски кошаркари Нандо Де Коло. Францускиот репрезентативец има договор со Фенербахче, но поради намалувањето на трошоците во турскиот клуб можно е да добие дозвола да замине од Истанбул. Претходно интерес за Де Коло покажа и неговиот поранешен клуб Валенсија.
Виртус од клупата го предводи Александар Ѓорѓевиќ, неговиот план е повторно да ги спои заедно Де Коло и Молош Теодосиќ кој од минатата сезона игра за тимот од Болоња.
Овие двајца три сезони (2014-2017) заедно играа во ЦСКА Москва и освоија една титула во Евролигата.
Сезонава во Евролигата Де Коло имаше просек од 15,9 поени по натпревар.
Прашање е само дали искусниот францски репрезентативец би сакал да се натпреварува во Еврокупот.