Младиот кошаркар на средношколскиот тим од Дејтон, Калифорнија – Тајрон Денсон е висок 200 сантиметри, а игра на позиција плејмејкер и ги разбива противниците. Тоа и не е толку чудно доколку Денсон не е тежок 136 килограми.
Многумина беа скептични кога кошаркарот од Орландо доби стипендија и заигра за средното училиште “Меинленд“, а не му беше потребно долго време за да докаже дека фигурата и не е толку битна.
Иако со конституцијата потсетува на Шекил О`Нил, Денсон организира напади, дрибла и ја пробива првата линија на противничката одбрана. Поентира со влезови и со прецизни шутеви.
„Отсекогаш сакав противниците да ги `кршам` со дриблинг. Иако тренерите ме тераа да бидам под кош, поради градбата, не се откажав од игра од надворешните позиции. Само сакам на луѓето да им покажам дека како и да изгледаш, сепак можеш да го сториш она за што мечтаеш“ вели Тајрон.