Top Sport

Во Атланта објаснуваат зошто не го „грабнале“ Дончиќ

Лука Дончиќ ја „освојува“ НБА лигата во својата деби сезона, откако во првите 55 меча за Далас маверикс, Словенецот има просек од 20.7 поени, 7.2 скока, 5.6 асистенции и 1.0 украдени топки, со што е фаворит за наградата дебитант на годината. А, наместо во Тексас, тој можеше да биде во Атланта.

Хоукс имаа можност да го изберат на драфтот минатото лето, но наместо тоа решија да го заменат за Треј Јанг, одлука која засега се покажува како многу погрешна. Генералниот менаџер на тимот, Тревис Шленк објаснува зошто е направено така.

„Многумина не го знаат тоа, но ако останавме на 3, тогаш ќе го земевме Лука. Работевме со неговиот агент, тој имаше медицински тест со нас тоа утро во Њујорк, но еден час пред одлуката дојдоа Далас и почнавме да разговараме. Им кажав дека ни е потребен уште еден лотариски пик за да им го препуштиме. За нас тој трејд имаше смисла бидејќи проценивме дека за оваа година од Далас ќе го добиеме осмиот пик, односно дека Маверикс ќе го имаат деветтиот најлош резултат во лигата“, вели Шленк.

Фото: ЕПА

Scroll to Top