Top Sport

Во ЦСКА стравуваат, нивниот играч Мајк Џејмс е во карантин!

Кошаркарот на московска ЦСКА, Мајк Џејмс се наоѓа во изолација затоа што бил во контакт со заразени од коронавирусот, соопшти денеска претседателот на актуелниот шампион на Евролигата, Андреј Ватутин.

Првиот човек на московскиот клуб соопшти дека Американецот отишол во изолација откако бил на вечера со кошаркари на Локомотив Кубан. Играчите на Локомотив играле меч против Калев од Естонија, чиј помошник тренер бил заразен со коронавирусот, па не е исклучена можноста некој од нив да биде заразен.

„Во моментите кога Џејмс вечерал со играчите на Локомотив, не знаел дека помошник тренерот на Калев е позитивен на Covid-19. Мајк не тренираше со остатокот од екипата, се наоѓа во изолација, под надзор на нашите лекари. Ги чекаме резултатите од Краснодар и се надеваме на најдоброто“ – наведе Ватутин.

Поради стопирањето на Евролигата и прекинот на ВТБ лигата, играчите на ЦСКА немаат мечеви, но тренинзите ги одржуваат редовно.

Scroll to Top