Top Sport

Вол на операција, Драмонд ќе игра на Ол стар мечот

Кошаркарот на Вашингтон Визардс, Џон Вол, ќе мора да го оперира левото колено, поради што ќе го пропушти Ол стар натпреварот во Лос Анџелес.

Најдобриот играч на Вашингтон го послушал советот на клускиот доктор Ричард Паркер и физиотарапевтот Вајми Дугуи и денес во Кливленд ќе го оперира повреденото колено.

Колку ќе отсуствува од тимот ќе биде познато откако ќе биде извршена операцијата.

Во меѓувреме е објавено дека на Ол стар натпреварот ќе го замени центарот на Детроит Пистонс Андре Драмонд, кој ќе игра во тимот на Леброн Џејмс.

Ол стар натпреварот во Лос Анџелес ќе се одигра на 18 февруари.

Scroll to Top