Top Sport

Волден од Паризан се пресели во Црвена звезда

Американецот Кори Волден (27) го официјализираше трансферот од Партизан во Црвена звезда. Волден со црвено-белите потпиша две годишен договор.

Кори Волден предизвика кошаркарски земјотрес во Белград откако реши од Партизан да се пресели во редовите на најголемиот ривал Црвена звезда.

Минатата недела Волден самиот го платил обесштетувањето (150.000 евра) и објави дека ќе се пресели во црвено-белиот табор, бидејќи од Црвена звезда му понудиле значително поголема плата.

Волден има 27 години кариерата во САд ја градел во колеџ тимовите на Стетсон и Истерн Кентаки, а во НБА настапувал за Бостон Селтикс и неговите тимови во летната и развојната лига.

Во Европа играч за Остенде, Хапоел каде пред две години беше МВП на израелското првенство.

Кори Волден е третото засилување за Црвена звезда во пресрет на новата сезона. Претходно клубот се засили со Лендри Ноко од Алба и Џордан Лојд од Валенсија.

Scroll to Top