Џејмс Харден, Кајри Ирвинг, Девин Букер и Ерик Паскал ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата.
Голден стејт Вориорс без ѕвездите (Томпсон, Кари, Грин, Расел) ја забележаа втората победа во сезоната. Вориорс го победија Портланд 127:118. Изненадувачки Вориорс го контролираа натпреварот, а клучната серија ја направија во последната четвртина кога при резултат 99:99 постигнаа 12 поени во низа.
Ерик Паскал постигна рекордни во кариерата 36 поени на кои придодаде 13 скока, додека Кај Боумен уфрли 19 поени. Портланд го предводеше Демијен Лилард со 39 поени.
Филаделфија во Аризона, кај Феникс, го доживеа првиот пораз во сезоната. Санс славеа 114:109 благодарение на Девин Букер. Бекот на Санс седум од своите 40 поени постигна во последните 150 секунди од натпреварот.
Во отсуство на суспендираниот Џоел Ембид, Филаделфија ја предводеше Ал Хорфорд со 32 поени.
Хјустон по дебаклот во Мајами победија кај Мемфис. Расел Вестбрук не играше, а главниот збор на теренот го имаше Џејмс Харден со 44 поени, десет скока и шест асистенции.
Кајри Ирвинг најавува кандидатура за МВП на сезоната. Бекот кој во Бруклин пристигна од Бостон одигра уште еден меч на врвно ниво. Во победата на Бруклин над Њу Орлеанс Ирвинг забележа 37 поени, три скока и девет асистенции.