Top Sport

Вориорс без Кари против Кливленд

Љубителите на НБА лигата, особено фановите на Голден Стејт Вориорс и Кливленд Кавалирс, нема да можат во целост да уживаат во првиот сезонски дуел на двата тима кој ќе се одигра на 25.декември, кога католиците го славата Божиќ.

Пресметката во „Оракл арена“, во Оукленд, ќе мине без еден од најдобрите шутери на денешницата, ѕвездата на Вориорс Стеф Кари.

Бекот на актуелниот првак, поради повреда на зглобот, нема да игра на ово натпревар. Кари се повреди на 4.декември на натпреварот во Далас.

Вориорс играта добро и без Кари, односно на девет натпревари тимот забележа исто толку победи.

Кари сезонава има просек од 26,3 поени, 6,6 асистенции и 5 скока по натпревар.

Scroll to Top