Top Sport

Вориорс демонстрираа сила, на + 41 од Хјустон (Видео)

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс водат во серијата против Хјустон Рокитес 2-1, откако во теретиот финален меч на Западот го декласираа својот противник со 126:85. Со оваа победа Вориорс поставија нов НБА рекорд од 16 последовни плеј-оф победи на домашен терен.

На теренот во „Оракл арена“ во Оукленд, во најголем дел од натпреварот играше само еден тим. Голден Стејт демонстрираше сила против Хјусотн, за нова предност во оваа серија.

Хјусотон беше во мечот до финишот на првиот период. По почетните 4:8 за Хјусотн, домашните играчи возвратија со серија од девет поени, потоа тимовите беа израмнети до финишот на првиот период, кога Вориорс со сероја 11:0, стекнаа предност 31:22 што беше почеток на крајот за Хјустон.

Целосен дебакл Хјустон доживеа во третата четвртина кога во вистинскиот ритам влезе Стеф Кари. На крајот од натпреварот тој беше најефикасен со 35 поени, Кевин Дурент постигна 25, а Дрејмон Грин заврши со 10 поени, 17 скока и шест асистенции.

Хјустон го предводеше Џејмс Харден со 20 поени, пет скока и девет асистенции, а по 13 поени уфрлја Клинт Капела и Крис Пол.

Наредниот натпревар, четврти во серијата, на програмата е в среда од 3 часот по средноевропско време.

Scroll to Top