Top Sport

Вориорс изборија масјторка против Хјустон (Видео)

Победникот во финалето во Западната конференција ќе биде познат откако Голден Стејт и Хјустон ќе го одиграат седмиот натпревар. Натпреварот број шест им припадна на Вориорс 115:86.

Дуелот во Оркал арена во Оукленд имаша чуден тек. Хјустон фуриозно ја одигра првата четвртина, играчите на тренерот Мајк Д’Ентони постигнаа осум тројки и по 2 минути играа имаа предност 22:39.

Домаќинот во вториот период успеа малку да ја намали разликата и на полувреме да има минус од десет поени (51:61).

Следуваше потоа третиот период, во НБА лигата наречен и „период на Вориорс“. Серијата ја покрена Клеј Томпсон со две тројки и од тој момент на теренот постоеше само еден тим. Третата четвртина им припадна на домаќините 33:16, а во ист стил Вориорс го одиграа и последниот период во кој постигнаа 31, а примија девет коша.

Томпсон постигна девет тројки од 14 обиди и со 35 поени беше најефикасен на мечот. Стеф Кари постигна пет тројки и заврши со 29 поени, а Кевин Дурент постигна 23 коша.

Кај Хјустон најефикасни беа Џејмс Харден со 32 поени, седум скока и девет асистенции. Крис Пол поради повреда го пропушти овој меч.

Решавачкиот седми меч се игра во Хјустон, во вторник, дене претходно својата мајсторка во финалето на Истокот ќе ја одиграат Бостон и Кливленд.

Scroll to Top