Top Sport

Вучевиќ го поврзуваат со Голден стејт

Голден стејт Вриорс ќе им предложат трејд на челниците на Орландо Меџик дво кој главна ѕвезда би бил репрезентативецот на Црна Гора Никола Вучевиќ. Американските медиуми пишуваат дека Орландо ќе ја одбијат понудата за својот најдобар играч.

Голден стејт со враќањето на Стеф Кари и Клеј Томпсон повторно ќе конкурираат за самиот врв во НБА лигата. За да ја нападнат титулата потребен им е квалитетен центар, поради тоа во тимот сакаат да го видат Вучевиќ.

Клубот од Сан Франциско во замена за Вучевиќ на Орландо ќе им ги понудат Ендру Вигинс, Кевин Луни, Џордан Пол правото на вториот пик на драфтот кој ќе се одржи наредниот месец и правото на првиот пик на драфтот наредната година.

Доколку Орландо ја прифати понудата покрај Вучевиќ во Голден стејт би се преселил и Теренс Рос.

Вучевиќ е еден од најдобрите центри во НБА лигата, неодамна тој потпиша нов договор со Орландо.

Scroll to Top