Top Sport

За Харден не важат НБА правилата (Видео)

Џејмс Харден, изминатата ноќ, одигра брилијантен меч против Јута Џез. „Брадата“ го предводеше својот тим со 47 поени, во победата 102:97. Две тројки тој постигна во самиот финиш, а поентираше три пати и од линијата за слободни фрлања.

Токму во тој напад кој го одреди победникот, Харден направи очигледни чекори, два пати го изведе својот препознатлив „степ-бек“, но судиите тоа не го забележаа, туку досудија фаул од Рики Рубио.

„Ајде човеку, ха-ха…Сега и ова судиите го дозволуваат? Ха-ха, наскоро ќе станам незапирлив“, напишал на Твитер играчот на Денвер кој е на рехабилитација од поредата, Ајзеа Томас.

„Дали го видовте тоа? И што мислите“, рекол Рики Рубио, играчот што го направил прекршокот, кога новинарите го прашале дали Харден направил чекори.

„Нема да одговорам, но мислам дека 100 отсто го знаат точниот одговор“, рекол Шпанецот.

За разлика од Рубио, Харден, само кратко одговорил: „Што сакате? Да се обвинам самиот?“.

Оваа сезона Харден бележи 30,9 поени, 5,8 скока, 8,3 асистенции, две украдени и 5,6 загубени топки по натпревар.

Scroll to Top