Top Sport

За него Џордан не е најдобриот на сите времиња

Легендата на НБА лигата освојувач на две титули со Детроит Пистонс Ајзеа Томас има свое мислење околу тоа кој е најдобриот играч на сите времиња. За многумина Мајкл Џордан е најдобриот во историјата меѓутоа Томас смета дека генерациите по Ем-Џеј не добиле доволна почит од јавноста и фановите во однос на претходните генерации.

Томас беше голема ѕвезда, веројатно најдобриот плејмејкер во лигата од крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години од минатиот век. Неговите Детроит Пистонс беа големи ривали со Бостон Селтикс, ЛА Лејкерс и Чикаго Булс.

„Мислам дека оваа генерација на кошаркари не добива почит каква што заслужува за она што го прави“, рекол за „Фокс Спортс“ Томас и продолжил.

„Кога игравме ние Џордан беше најдобриот атлета. Од овој аспект во моментов во НБА лигата има 10 или 11 како Џордан. Такви играчи тогаш немаше. Што би правле Кевин Дурент или Леброн Џејмс да играа во 80 години со атлетските способности што ги имаат, со талентот и своите вештини. Кој би бил тогаш најдобриот на сите времиња?“.

Ајзеа Томас целата кариера ја мина во Детроит Пистонс, во просек по натпревар бележел 19,2 поени и 9,3 асистенции.

Scroll to Top