Top Sport

За смирување на страстите – заеднички ручек на првите луѓе на Партизан и Реал

Првите луѓе на кошаркарските тимови на Партизан и Реал Мадрид имаа заеднички ручек пред третиот меч од четврт-финалето на Евролигата, по скандалозниот крај на вториот меч во Мадрид.

Првиот човек на „црно-белите“, Остоја Мијаиловиќ ја пречека делегацијата предводена од претседателот на Реал, Хуан Карлос Санчез, на кој биле и „разменети подароци“.

Партизан има 2:0 предност во серијата и е на една победа од место на Фајнал фор, по победата во Мадрид во вториот меч кој беше одбележан со општа тепачка на двата тима и повеќе суспензии. Мечот се игра во „Штарк арената“ од 20.30 часот.

Scroll to Top