Поранешниот НБА шампион со Бостон Селтикс, Глен Дејвис (32), потпишал договор до крајот на сезоната со екипата на Задар.
Центарот познат по прекарот Биг бејби, беше еден од важните играчи во шампионската генерација на Бостон во 2008 година. Ова генерација на Селтикс ја предводеа Пол Пирс, Кевин Гарнет и Реј Ален.
Дејвис три години беше во кошаркарска пензија. Последната сезона ја одигра за Орландо Меџик во сезоната 2014/2015.
Од кошарката привремено се повлече за да влезе во филмскиот бизнис. Минатото лето тој настапуваше во „3×3“ лигата, наречена „Биг3“ која ја покрена познатиот рапер Ајс Кјуб.
Во НБА, Дејвис, одиграл 514 натпревари, во кои по натпревар имал учинок од осум поени и 4,4 скока.