Top Sport

Залудни се 50 поени на Девин Букер (Видео)

Супер-старот на Финикс Санс, Девин Букер, одигра меч уште еден фантастичен натпревар, а неговиот тим повторно не успеа да победи.

Букер во поразот на Санс од Вашингтон Визардс 121:124, постигна 50 поени. Пред два дена, против Јута Џез постигна, тој постигна две третини од поените на Санс, а мечот го заврши со 59 коша.

Финикс се на последното место во Западната конференција со скор 17 победи и 59 порази, додека во лигата зад нив се само Њу Јорк Никс.

Кај победниците на овој меч, Вашингтон Взардс, се истакнаа Џабари Паркер (28 поени, 15 скока), Бредли Бил (28 поени), Џордан Мекре (21 поен) и Томас Брајант (18 поени, 19 скока).

Scroll to Top