Top Sport

Здовц е нов тренер на францускиот Метрополитанс 92

Словенечкиот тренер и поранешна кошаркарска легенда на оваа земја, Јуре Здовц е нов тренер на францускиот клуб Метрополитанс 92, со кој потпиша двегодишен договор. Метрополитанс 92 е релативно нов клуб, основан во 2007 година, од малото градче Левалоа-Пере, и игра во највисоката француска лига.

Здовц беше дел од славната генерација на поранешна Југославија со која го освојуваше Европското и Светското првенство, а по крајот на кариерата работеше како тренер во Сплит, Ираклис, Босна, Олимпија, Спартак Санкт Петерсбург и Цедевита, а двапати беше и словенечки селектор.

Scroll to Top