Top Sport

Зенит го потврдија трансферот на Лојд

Џордан Лојд од понеделникот е играч на Зенит од Санкт Петербург. Американецот, минатата сезона го носеше дресот на Црвена звезда. Со црвено-белите ги освои трофеите во АБА лигата, односно во првенството и Купот на Србија.

„Возбдени сме што Џордан Лојд стана дел од нашиот тим. Тој е одличен играч, со голем потенцијал, може да ни помогне да ги подобриме нашите резултати“, рекол тренерот на Зенит, Шпанецот Чави Пасквал.

Зенит, минатата сезона, играше во четврт-финалето, каде во пет натпревари беше елиминиран од Барселона.

Лојд, поранешен играч на Торонто Репторс и Валенсија, во Зенит ќе има годишна плата од 1,1 милиони долари.

Минатата сезона, Американецот во Евролигата, имаше просек од 17,3 поени, 3,6 скокови и 3,2 асистенции по натпревар.

Scroll to Top