Кошаркарскиот клуб Олимпијакос е казнет со одземање на шест бода поради инцидентот што се случи во средата, во полу-финалето во Купот на Грција против Панатинаикос.
Олимпијакос на полувремето, при резултат 40:25, незадоволни од судењето го напуштија натпреварот. Претходно во текот на денот се појавија информации дека Олимпијакос ќе побараат од наредната сезона да се приклучат на АБА-лигата.
Кошаркарскиот сојуз на Грција експресно реагираше и му одзеде шест бода на Олимпијакос. Сега „црвено-белите“ од Пиреја имаат 25 бода, односно од првата паднаа на шестата позиција на табелата.