Тепачка го обележа натпреварот во Босна И Херцеговина, помеѓу кошаркарките на Јединство и Орлови.
Инцидентот се случи во третата четвртина. Во борба за позиција се степаа две кошаркарки. Имаше тупаници и боречки зафати, судиите и тренерите сепак успеаја да ги раздвојат.
На крајот од натпреварот беа исклучени Наида Рушкучиќ (Јединство) и Тамара Пајиќ (Орлови).