Top Sport

Звезда и Антиќ без енергија, Панатинаикос победи во Белград

Кошаркарите на Црвена звезда се поразени од Панатинаикос 63:69 (15:20, 23:21, 11:17, 14:11) во рамките на 14.коло во Евролигата. Црвена звезда остана на пет победи, додека Панатинаикос ја забележа десеттата победа.

Без енергија и во контра ритам Црвена звезда го одигра дуелот со Панатинаикос. Статистиката уште повеќе ја покажува немоќта на регионалниот шампион 14 загубени топки, двојно повеќе од противникот само четири погодени тројки од 26 обиди и 45 отсто резлизација на обидите за два поени. Единствено Црвена звезда беше подобра во скокот (38/36).

Панатинаикос, со исклучок на еден дел од првиот квартал имаше водство, а клучната предност ја направи во првиот период кога Црвенз звезда шет минути не постигна поени, а грчкиот тим се оддалечи на 13 поени.

Перо Антиќ го одигра најлошиот меч во Евролигата, се вклопи во „сивилото“ на тимот, постигна само два поени, забележа четири скока и имаше три загубени топки.

Само Џејмс Фелдин беше двоцифрен кај домачинот, тој постигна 21 поен, но погоди само една тројка од седум обиди.

Панатинаикос го предводеа Маркус Денмон и Џејмс Гист со по 16 поени.

Scroll to Top