Top Sport

Звезда без Антиќ со 100 поени го испрати Армани во Милано

Кошаркарите на Црвена звезда го победија Армани Милано 100:89 во 22.коло во Евролигата. Во белградскиот тим и на овој меч не настапи Перо Антиќ, кој го се очекува наредната недела да се врати во тимот.

Црвена звезда против Армани одигра еден од најдобрите мечеви во сезоната, од почетокот до крајот „црвено-белите“ го контролираа мечот и во ниту еден момент не му дозволија на италијанскиот тим да им ја оспори победата.

Црвена звезда првата двоцифрена предност ја создаде во финишот на втората четвртина, но Армани успеа да влезе во третиот период со пет поени негатива. Во второто полувреме Звезда ја одржуваше разликата од пет до 12 поени, а победникот го решија на пет минути до крајот кога со тројката на Лазиќ ја создадоа разлика од 16 поени.

Клуч за победата на регионалниот шампион беше офанзивниот скок и одличната пик игра.

Лесорт имаша двоен ефект од 15 поени и 10 скока, ист број на поени уфрли Јанковиќ, а Рочести мечот го заврши со 14 поени и 9 асистенции. Армани го предводеше Кузминскас со 17 поени, два помалку постигна Мицов. Американецот со македонски пасош Џордан Тиодор постигна 13 поени (5/5 за два, 1/2 за три) на кои придодаде 2 скока и 8 асистенции.

Scroll to Top