Анадолу Ефес и Реал Мадрид запишаа победи во првите мечеви од денешната програма во 17.коло, во кошаркарската Евролига. Ефес ја победи Црвена звезда 104:95, а Реал во Русија го декласира Химки 95:78.
Ефес ја победи Црвена звезда во кој двата тима играа лошо во дефанзивата. Кај белградскиот тим, во дефанзивата, видливо беше отсуството на Перо Антиќ, кој беше во тимот но поради повреда воопшто не влезе во игра.
Турскиот тим во средишницата на вториот период прв пат создаде двоцифрена предност, која Црвена звезда ја стигна во последните две минути од првиот дел. Во второто полувреме Ефес го диктираше ритамот, а разликата најчесто се движеше од четири до 12 поени. Звезда неколку пати упспеа да се доближи на два поени негатива, но не успеа ниту еднаш да го преземе водството.
Зоран Драгиќ доминираше кај Ефес со 24 поени, а Ерик Мекалум уфрли 20 кошеви. Звезда ја предводеа Милко Бјелица со 15 и тејлор Рочести со 14 поени.
Реал кај Химки издоминира во текот на целиот меч и на крајот запиша убедлива победа. Шпанците во третиот период имаа предност и од 25 поени (84:59). Само Алексеј Швед (23 поени) и Тајлер Ханикат (17 поени) кај Химки одговорија на предизвикот. На спортивната страна шестмина постигнаа двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Руди Фернандез со 16 поени.