Кошаркарскиот клуб Црвена звезда ќе мора да му исплати на поранешниот тренер Саша Обрадовиќ плата за актуелната и за следната сезона, откако го загуби спорот пред комората на Евролигата по отказот кој му го врачи на Обрадовиќ, јавуваат српските медиуми.
Црвена звезда нема да мора да му ги исплати на Обрадовиќ бонусите за освојувањето на Купот на Радивоје Кораќ.
Обрадовиќ доби отказ по слабите настапи во Евролигата и на негово место беше донесен Дејан Радоњиќ.