Возачот на Инеос Гренадирс, Холанѓанецот Дилан ван Барле, победи на 119.издание на велосипедската трка Париз-Рубе. Оваа еднодневна трка ја нарекуваат и „Пекол на северот“ и „Кралицата на класиците“.
На денешната трка победникот Ван Барле, постави нов рекорд. Патеката долга 257,2 километри ја мина со просечна брзнина од 45,79 килоемтри на час. За да победи му беа потребни 5 часа и 37 минути.
На второто место трката ја заврши Ваун ван Ерт од тимот Џамбо Висме, трет беше возачот на Групама ФДЈ, Штефан Кинг.
Трката Париз-Рубе прв пат е одржана во 1896 година.
Победата на Ван Барле беше седма за Холандија на оваа трка. Најмногу победи низ историјата имаат велосипедистите од Белгија (57), следуваат Французите со 28.