Top Sport

12-годишно девојче од Јапонија освои сребро на ОИ

Кокона Хираки, 12-годишното девојче од Јапонија, влезе во историјата на Олимписките игри. Хираки, стана најмлада освојувачка на медал на олимпијадите.

Јапонката, го освои сребрениот медал во скејтборд, во дисциплината скејтбординг парк.

До втората позиција дојде со 59,04 поени.

Златото во оваа дисциплина и припадна на четири години постарата сонародничка на Хираки, Сакура Јосозуми.

Бронзениот медал заврши кај Британката, Скај Браун.

Scroll to Top