Top Sport

14 години од првиот освоен АТП трофеј на Новак Ѓоковиќ (видео)

На денешен ден, пред 14 години српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ ја освои првата АТП титула во кариерата со 19 години и 32 дена. Во финалето на турнирот во холандски Амерсфорт со 2-0 (7-6 и 6-4) го совлада Чилеанецот Николас Масу.

Тој ден започна големата кариера на моментно првиот светски тениски рекет.

Ѓоковиќ тогаш веќе 3 години бил професионалец.

Досега во кариерата има освоено 79 АТП титулу, од кои 17 грен слем.

На Мастерс турнирите славел 34 пати.

Само од наградите на турнирите досега има заработено над 143 милиони долари.

Како прв на АТП листата поминува 282 недели и уште 4 му недостасуваат за да го мине на втората позиција на вечната листа легендарниот Пит Сампрас. Лидер е Роџер Федерер со 310 недели.

Потсетување на титулата во Амерсфорт:

Scroll to Top