Британската тенисерка Џоана Конта, која во моментов е 15-та на ВТА листата мораше да го прекине мечот против Марија Бузкова во првата рунда на Лексингтон Опен. Причина се проблемите со срцете.
Конта по само неколку минути од почетокот на мечот повика доктор и помалку панично го проверувала пулсот. По мечот рекла дека има аритмија.
„Понекогаш имам срцева аритмија, моето срце почнува забрзано да чука без причина. Не се испаничив, само сакав да видам доктор. Ги направив сите проверки, потполно сум здрава, но вакви работи може да се случат. Ова е четвртипат во кариерата. Првпат во 2017-та, па во 2018-та, па пред 2 месеци на тренинг. Не знам зошто тоа се случува. Загрижена сум. Пак ќе направам тестови“ вели Конта.