Кон крајот на овој месец, на УФЦ 257, во главната борба ќе се соочат Конор Мекгрегор и Дастин Поирие. Организаторот најавува спектакуларна борба во лесна категорија. По тој повод се огласи Ирецот Мекгрегор.
„Го сакам Дастин, тој е одличен борец, но и понатаму е ниво подолу од она на кое јас се наоѓам. Ќе го нокаутирам за 60 секунди“, рекол Мекгрегор.
Ова ќе биде втора борба помеѓу Мекгрегор и Поирие. Првата, одржана на 27.септември 2014 година, лесно ја доби борецот од Ирска.