Пред точно 30 години, тогаш 19-годишниот Драгутин Топиќ го позлати учеството на Светското јуниорско првенство во атлетика во Пловдив, Бугарија.
Во скок во височина тој ја прескокна летвичката која беше поставена на висина од 237 сантиметри. До ден денес никој никогаш во таа конкуренција не скокнал повеќе.
„Очекував дека можам да го соборам светскиот рекорд. Двапати претходно го напаѓав. Еднаш тоа го сторив на државно првенство во Сплит кога прескокнав 234 сантиметри“ рече Топиќ пред 10 години на одбележувањето на „20 годишнината“ од фантастичниот резултат.
Границата од 230 сантиметри Топиќ ја прескокнал 78 пати, 40 пати на отворено.
Инаку светскиот рекорд во сениорска конкуренција го држи Кубанецот Хавиер Сотомајор. Тој во 1993 година во шпанска Саламанка прескокна неверојатно 245 сантиметри.