Top Sport

66.издание на турнејата Четири скокалници

Во петок, во Оберстдорф започнува новото, 66.издание на традиционалната новогодишна турнеча Четири скокалници.

Турнејата трае седум дена, а покрај во Оберстдорф, најдобрите ски-скокачи ќе се натпреваруваат во Гармиш-Партенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен.

Победата на новогодишната турнеја е престиж за најдобрите во овој спорт, неретко вљубениците во овој спорт повеќе зброуваат за победникот на турнејата отколку за олимпискиот шампион или победникот во Светскиот куп.

Низ историјата само еден успеал да победи на сите четири скокалници, тоа е Германецот Свен Ханевалд, кој ги освои скокалниците во јубилејното 50.издание во сезоната 2001/2002.

Историјата го памети и неговиот сонародник Јенс Вајслог кој е четири кратен победник на турнејата, како и рекордерот од Финска Јане Ахонен кој единствен има пет пати победил на новогодишната тунеја.

Најголемата разлика во вкупниот пласман помеѓу првиот и вториот ја има остварено Адам Малиш од Полска, 104,4 поени во однос на Ахонен.

Титулата ќе ја брани Камил Стох од Полска, кој и оваа сезона е еден од фаворитите. Главен конкурент ќе му биде лидерот во Светскиот куп, Германецот, Рихард Фрајтаг, кој има една победа на турнејата, во 2015 година во Инсбрук.

На висок пласман се надеваат Норвежанецот Даниел-Андре Танде, Австриецот Штефан Крафт и Германецот Андреас Велингер.

Четири сколаници, распоред:

30.12 Оберстдорф
1.1 Гармиш-Партенкирхен
4.1 Инсбрук
6.1 Бишосхофен

Во петок на програмата се квалификациите, по кои ќе бидат познати 50.ски-скокачи кои ќе се појават в сабота на главниот натпревар.

Квалификациите на натпреварите на новогодишната турнеја се одржуваат ден пред главниот настан, што е единствената разлика во однос на скоковите кои се одржуваат во Светскиот куп.

Scroll to Top