Првиот носител на мастерс-турнирот во Шангај , Рафаел Надал, избори пласман во полуфиналето каде што противник ќе му биде Хрватот Марин Чилиќ.
За разлика од претходните дуели, Надал вложи максимален напор за да го победи Бугаринот Григор Димитров. Шпанецот на теренот мина два и пол часа и славеше во три сета (6:4, 6:7, 6:3).
Димитров одично сервираше, мечот го заврши со 13 ас-удари, што му овозможи добро да му се спротивстави на најдобриот светски тенисер, но ниту еднаш не успеа да му го одземе сервисот на противникот поради што и го загуби мечот.
Надал играше трпеливо од самиот почеток, дочека мал пад на концентрацијата кај Димитров во деветтиот гем од првиот сет и потоа го освои сетот. Бугаринот својата шанса ја дочека во тај-брејкот на вториот сет кога успеа да се врати од негатива 2:4 и да го израмни резултатот во сетови.
Жесток отпор Димитров даде во третиот сет, бараше начин да му го одземе сервисот на ривалот, но сепак Шпанецот беше тој што стигна до брејк, а потоа и до триумф од 2:1 во сетови.
Надал во една недела два пати го победи Димитров кога го доби и нивниот дуел во полуфиналето на турнирот во Пекинг. н.ц.