Андре Агаси по две децении се враќа во Аделаида, Австралија, каде ќе учествува на меморијален турнир, а потоа повторно ќе се насочи кон своите тренерски обврски во тимот на Новак Ѓоковиќ, кој ќе учествува на Австралија опен.
Новак Ѓоковиќ, ако се исклучи настапот на егзибицискиот турнир во Абу Даби на крајот од годината, официјалното враќање ќе го има на првиот гренд-слем во сезоната Аустралијан опен. Неговиот тренер Агаси вели дека во некои работи тој и Ѓоковиќ се многу слични.
„Новак, слично како и јас кога бев активен играч, кога има контрола во поенот знае дека нема потреба да презема некаков ризик. На тој начин и јас живеев на тенискиот терен. Но, неговите дефанзивни способности дефинитивно се подобри од моите. Истото важи и за неговиот ритерн. И мојот ритерн беше добар и се потпирав на него. Сепак, јас немав можност да играм дефанзивно со својот ритерн бидејќи не можев на таков начин да го контролирам движењето. Но, кога на таков играч каков што е Ѓоковиќ кога ќе успееш да му го одземеш тоа, тогаш тој мора да игра агресивно. И тогаш тоа тој тоа го прави уште подобро“, рекол Агаси во опширно интервју пред турнирот во Аделаида.
„Сè уште не можам да се навикнам да давам интервјуа од позиција на тренер. Не сакам врз некого да правам непотребен притисок и да му ги наметнувам своите очекувања. Но, мислам дека за Новак само освоен турнир ќе претставува успех кога ќе се врати на терените, сè што е помалку од тоа мислам дека нема да го задоволи. Дали може да го освои Аустралијан опен? Да! Секој пат кога тој ќе излезе на теренот јас мислам дека може да победи. Тоа го очекувам од него. Исто така целосно сум подготвен да ја прифатам одговорноста доколку тоа не се случи. Очекувам дека може да биде уште подобар“, рекол Агаси.
Американецот говорел и за Роџер Федерер, за „големата четворка“, оценувајќи дека Швајцарецот е тенисер кој кога игра на секој ривал може да му направи многу проблеми со начинот на кој го покрива теренот.
„Кога ги гледате играчите какви што се Ѓоковиќ, Федерер, Надал и Мареј, тогаш тенисот е многу поинаква игра. Мојата игра се сведуваше да удирање на топчето и контролирањето на поенот. Проблем е што против овие момци никогаш со сигурност не можете да кажете дека го контролирате поенот. Мојот најдобар тенис би можел да се спореди со тенисот на многу други играчи, но не и со тенисот кој го играат најдобрите“, заклучил Агаси.