Андре Агаси тренерот на Ноак Ѓоковиќ рекол дека ништо не е сменето во неговата соработка со српскиот тенисер, вклучувајќи го и финансискиот дел. Агаси која со Ѓоковиќ работи од минатогодишниот Ролан Гарос неколку пати има изјавено дека на „свој трошок“ му се приклучил на тимот на Ѓоковиќ.
„Одбивам да земам било што од Новак, вклучувајќи и пари за трошоци, тоа не ме интересира. Добро е ако можам да му помогнам“, рекол Агаси.
Легендарниот Американец, поради повредата на Ѓоковиќ, немаше многу можности да работи со него, заедно беа на Ролан Гарос, Вимблдон и годинешното издание на Австралија опен.
Тој во својата изјава се присетил и на првите тренинзи со Жоковиќ.
„Внимателно го набљудував начинот на кој игра на земјана подлога и просторот што го покрива. Кога со своите стапала започнав да бројам од местото на кој тој стоше имаше шест чекори, но тој просторот го покри неверојатно брзо“, заклучил Агаси.