Top Sport

Агентите и спонзорите креваат раце од Бушар?

Според „Њујорк тајмс“, падот на Јуџини Бушар само што започнува. Атрактивната канадска тенисерка, која пред неколку години играше во завршниците на големите турнири и беше во топ 5, и според извештаите почнува да ги губи и спонзорите.

Агентот Џон Тобијас наводно решил да не го продолжи договорот со Бушар, неколку месеци откако повеќе спонзори решија да не ја продолжат соработката со Канаѓанката.

„Не се согласував со тоа како се одвиваат работите, и мислев дека е најдобро да си заминам“, вели Тобијас.

Бушар, која смени четири агенции по својата најдобра сезона во 2014 година, неодамна по поразот во Индијан Велс од Саша Викери призна дека нема агент.

„Во моментов немам никој на таа позиција. Многу работи ми се случија во последно време, така што тоа е седмата работа на мојот ум. Ќе се регрупирам и ќе се обидам нешто поинаку во иднината“,изјави Бушар.

Покрај заминувањето на Тобијас, Бушар наводно загуби три клучни спонзори – „Колгејт“, „Авива“ и „Јусана“ од јануари. Претходно, спонзорот за рекети „Баболат“ исто така реши да не соработува повеќе со 116-рангираната тенисерка.

Слабите перформанси исто така влијаат на заработувачката од „Најк“, бидејќи со американската компанија таа има договор базиран на нејзините успеси на турнирите. Како утеха, Бушар неодамна се договори надвор од суд со Американската тениска асоцијација околу тужбата за падот во соблекувалните во 2015 по што таа доби потрес на мозокот.

Фото: ЕПА

Бушар „лапна“ 20 милиони долари

Scroll to Top