Еден од најдобрите македонски атлетичари, Кокан Ајановски, во неделата имал забележителен настап на Балканското првенство во маратон. Првенството се одржа во кипарскиот град Лимасол.
Ајновски, во конкуренција на 354 атлетичари, маратонската трка ја завршил на третото место. Ајновски до бронзениот медал стигнал со време 2:48.12 часа.