Top Sport

Ајзенбихлер предводеше германска победа на стартот на Светскиот куп

Актуелниот светски шампион на голема скокалница, Маркус Ајзенбихлер стигна до првата индивидуална победа во новата сезона во Светскиот куп во скијачки скокови, совладувајќи го својот сонародник Карл Гајгер и Австриецот Даниел Хубер во Висла, Полска.

Германецот имаше скокови од 137.5 и 134 метри при тешки услови на скокалницата Малинка, додека лидерот по првата серија, Словенецот Анже Ланишек на крајот заврши на шестото место. Јапонецот Кобајаши Рјоју беше израмнет на 27. место со двократниот олимписки шампион, Камил Штох, додека во втората рунда не се квалификуваа ниту Грегор Шлиренцауер, Даниел Андре Танде и Штефан Крафт.

Ова е втора победа во Светскиот куп за 29-годишниот Ајзенбихлер по триумфот на Планица во март 2019 година.

Scroll to Top