Top Sport

Ако татко му каже така, Хабиб ќе му даде ри-меч на Мекгрегор

Таткото  и тренерот на Хабиб Нурмагомедов, Абдулманап е „шефот“ и тој ќе одлучи дали УФЦ шампионот ќе му даде втор меч на Конор Мекгрегор, вели менаџерот на рускиот фајтер, Али Абделазиз.

Хабиб го совлада Мекгрегор во Лас Вегас на УФЦ 229 во октомври 2018, но оттогаш постојано ја отфрла можноста да му даде ри-меч на Ирецот. Неговиот менаџер Абделазиз вели дека тој ќе биде фер кон сите можни противници, но дека крајниот збор ќе го има Абдулманап, и покрај тоа што за ри-мечот со Мекгрегор неговиот син може да заработи над 50 милиони долари.

„Јас не сум шефот. Хабиб не е шефот. Неговиот татко е шеф, и што ќе посака таткото, тоа ќе се случи. Хабиб нема што да кажува, ниту јас. Ако неговиот татко стане утрото и каже: ’Момци, се бориме со Конор’, тогаш ќе се бориме со Конор“, вели Абделазиз.

Абдулманап, кој неодамна беше хоспитализиран со пневмонија во Дагестан, но се опоравува, во јануари најави дека шефовите на УФЦ треба да дадат понуда од 100 милиони долари за нов меч со Мекгрегор.

Scroll to Top