Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ беше критикуван за неговиот остар јазик кон најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ по неговиот пораз од Марко Чекинато на Ролан Гарос.
Трифуновиќ, кој очигледно го следел мечот од Париз, на крајот ги загубил нервите.
„Добро дечко, сега веќе ни одиш на нерви. Почни да го јадеш тоа месо, батали го карфиолот, алгите, па кога ќе се пензионираш играј за ФК Вегетаријанец“, напиша Трифуновиќ.
Тој не застана тука.
„Јас не чува дека спортот и макробиотиката одат рака-под-рака. Освен ако си јога мајстор. Мене не ме ебе никаква различност. Само што дечкото очигледно веќе нема физичка сила како што имаше. Како гледател и навивач“, додаде Трифуновиќ.
Околу начинот на исхрана на Ѓоковиќ многу беше напишано, а и самиот објави книга (преведена и на македонски јазик) околу специфичното исфрлање на глутенот од менито.