Top Sport

Алжирски тенисер доби доживотна суспензија за местење мечеви

Алжирскиот тенисер, Ајмен Ихлеф доби доживотна суспензија од тенисот и казна од 100.000 долари поради местење на мечеви, објави Тениската единица за интегритет (ТИУ).

Според ТИУ, 23-годишниот Ихлеф имал 10 прекршување на програмата за анти-корупција во тенисот, од кои четири за местење на мечеви.

Ихлеф, кој имал највисок ранг на АТП листата од 1.739, трипати не ги известил властите за „коруптивен пристап“, двапати убедувал други тенисери да не го даваат најдоборот на меч, и одбивал соработка со истрагата.

Scroll to Top